Радио Кочани
Кочани

Во Виница е приведено 22-годишно лице oд Кочани

3,753

Дваесет и двегодишно лице со иницијали П.Ѓ. од Кочани денеска е лишено од слобода, информираат вечерва од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, извршен е претрес во дом и други простории во Виница, каде што престојувало лицето. При претресот, извршен со наредба од Основен суд Виница, пронајдени и одземени биле две ќеси со марихуана, бела прашкаста материја, дробилка, дигитална вага, предмети со остатоци од прашкаста материја и поголем износ на пари.

Лицето било задржано во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе