Радио Кочани
Кочани

Известување oд КЈП „Водовод“ Кочани за извршени подготовки за замена на потопна пумпа…

1,304
Почитувани,
Во текот на претходната седмица стручните екипи на КЈП “Водовод” Кочани утврдија технички проблем поради откажување на електромотор на една од потопните пумпи во бунарско лежиште “Грдовски Орман”. За време на викендот беа направени подготвителни работи, за денес да отпочне процесот на вадење на песок и друг поситен материјал од влезната комора на ПЦОВ со две специјализирани возила за разбивање на наслагите и вшмукување на истиот материјал.
Откако ќе заврши целосното вадење на отпадниот материјал во системот кој се појавува поради мешање во одредени делови во канализациониот систем на фекалната и атмосферската канализација вработените во КЈП “Водовод” Кочани ќе ја спуштат и стават во функција заменската потопна пумпа.
Целосното ставање во функција на заменската потопна пумпа се очекува да биде реализирано до крајот на оваа седмица и истото нема да влијае врз квалитетот на услугите кои КЈП “Водовод” Кочани ги испорачува кон крајните корисници.
Со почит,
КЈП “Водовод” – Кочани
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе