Радио Кочани
Кочани

По повод Светскиот ден на поезијата – Во Библиотеката „Искра“ ќе се одржи работилница со ученици

216

Денеска, 13 март, во 11 и 30 часот во ЈОУБ „Искра“ ќе се реализира работилница со ученици и нивните ментори од основните училишта од Кочани, Зрновци и Оризари и со средните училишта од Кочани.
Работилницата е дел од одбележувањето на 21 март, Светскиот ден на поезијата кој библиотеката неколку години по ред го одбележува под мотото „ Уметноста на стихот-спонтано прелевање на моќни чувства“.
За 2023 година Светскиот ден на поезијата го одбележуваме и го посветуваме во чест на Кочо Рацин, 115 години од раѓањето и 80 години од смртта.
Учениците од литературните секции ќе читаат песни од поетската збирка „Бели мугри“, а учениците од ликовните секции ќе творат инспирирани од истите.

Изложбата на ликовните дела ќе се реализира на 21 март, Светскиот ден на поезијата, во 12:00 часот, кога со свои изложби и стручни излагања за ликот и делото на Кочо Рацин ќе гостуваат Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес и Локална Установа „Народен музеј“ од Велес.

В.Д. директор
Кристина Ѓорѓиевска  Атанасова
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе