Радио Кочани
Кочани

Градска депонија – Жители на Бели побараа поголема одговорност, директорот на „Водовод“ вели…само регионална депонија е трајно решение

769

Жители на селото Бели денеска реагираа. Од средината на минатата недела повторно гори на Градската депонија и од чадот први на удар се тие. Од КЈП „Водовод“ бараат поголема одговорност во третирањето на депонијата. За в среда, 15 март, најавија 24 – часовно блокирање на возилата на кочанското комунално претпријатие.


Директорот на КЈП „Водовод“, Антонио Паунов, се сомнева дека пожарот на Градската депонија е намерно предизвикан, затоа ги повика Министерството за внатрешни работи и Обвинителството да постапат во рамките на своите надлежности.
Тој смета дека изградба на регионална депонија е трајно решение за овој проблем, поради што побара од централната власт да ја интензивира реализацијата на овој проект, кој веќе е започнат.
Во меѓувреме, додека директорот на „Водовод“, Паунов, разговараше со претставниците на медиумите, на депонијата пристигнаа возила со тешка механизација, со кои ќе се направат дополнителни обиди огнот конечно да биде изгаснат.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе