Радио Кочани
Кочани

Виница – Потпишан договор за заловување и третман на бездомни кучиња

546

Денес го потпишавме договорот за набавка на услуги за Заловување и стручен третман на бездомни и нерегистрирани кучиња на територијата на општина Виница за временски период од 1 година. Услугата ќе ја извршува “Ветеринарна станица” ДООЕЛ Виница, се наведува во фејсбук објавата на градонаќалникот Миле Петков.
Оваа година општината ги зголеми финансиските средства што се издојуват за решавање на проблемите со бездомните и нерегистрираните кучиња на територтја на општина Виница. Според договорот сите заловени кучиња ќе бидат сместени во стандардизирано прифатилиште и третирани со вакцинација и кастрација.
Секој граѓанин може да пријави појава на кучиња скитници, каснување и напад од куче, како и пријава за мачење и злоупотреба на кучиња на тел. 071/588-882 секој работен ден од понеделник до петок (08.00-16.00 часот), се вели во соопштението на Општина Виница.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе