Радио Кочани
Кочани

ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари (Кочани) влезе во групата на проекти подржани (музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство) на Министерството за култура.

536

Проектот на ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари (Кочани) е влезен во групата на проекти подржани од годишните конкурси по одделни области и активности од културата за 2023 година (музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство) на Министерството за култура.

Наскоро ќе почнат подготовките за успешна реализација на 10-тиот меѓународен фолклорен фестивал, традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора.

Освен подготовките за јубилејниот фестивал ансамблот од вечерва ја започнува годината со Меѓународни турнеи.

Ансамблот заедно со збратимениот ФА „Бијела“ од Херцег Нови (Црна Гора) ќе бидат дел од пет дневна турнеа во Република Словенија каде фолклористите од ансамблите од Оризари и Херцег Нови ќе имаат настапи во: Птуј, Марибор, Јесенице и Крањ.

Слободното време ќе биде искористено за дружење и забави, еднодневни екскурзии во Грац (Австрија) и Трст (Италија)

ФА „Љупчо Сантов“ од оризари, симболот на Македонската култура и традиција продолжува успешно да го презентира изворниот фолклор од Осоговијата во странство.

ФА „Љупчо Сантов“ – Оризари

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе