Радио Кочани
Кочани

Избор на најдобрите спортисти за 2022 – Највредното кај ГФК „Осогово“

887

Фудбалскиот третолигаш, ГФК „Осогово“, го собра највредното во Изборот на најуспешните спортисти на Кочани за 2022 година. Голгетерот на „жолто-синте“, Тоше Манов, е спортист број 1 на Кочани за преходната година. Бранко Богатинов, номиниран од „Осогово“, е најдобриот спортски работник. Јован Манев, кој потекнува од „миленичето“ на кочанската спорстка јавност, а сега настапува за турски прволигаш, доби посебно признание за афирмација на кочанскиот и мак-фдбал. Здружението на граѓани „Никола Мантов“, пак, е наградено, посебно за сето она што го стори во претходната година за ГФК „Осогово“ и што покажа како се сака и работи за доброто на еден спортски колектив.


Пингпонгарите на „Кочани“, суперлигаш, се најдобриот клуб на градот за 2022, а Оливер Јовановски од ЖФК „Кочани“ е тренер на годината.
Изборот го извршија новинари на Радио Кочани, ТВ Кочани ЛД, Гласно и Комарец. Прогласувањето на најуспешните спортисти на Кочани за претходната година ќе биде извршено во текот на наредната недела, под покровителство на Општина Кочани.

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе