Радио Кочани
Кочани

Прославен христијанскиот празник Богојавление – Водици

575

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, од страна на свештенослужителите од Црковниот храм „Св. великомаченик Георгиј“ од Крушарскиот Мост во Кочани беа осветени водите во Кочанската Река, заедно со Неговото високопреосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион кој го потопи Светиот крст во Кочанската Река.

Оваа година од вкупно 51-те пријавени, најсреќен беше Андреј Митев кој успеа прв да го извади Светиот крст од водите на Кочанска Река, кому градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов му подари златник, а доби и други пригодни подароци.

-Нека оваа година му донесе многу среќа на Андреј и неговото семејство, момчето кое го фати Светиот крст. На граѓаните, верниците, им го честитам денешниот ден и им посакувам многу успех, здравје и среќа – истакна градоначалникот Љупчо Папазов.

 

 

 

 

 

 

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе