Радио Кочани
Кочани

Трибина за проект на Швајцарската Влада за заштита на животната средина…

274
Во рамките на проектот “Иницијатива за подобри услови и подобра животна средина во ромската заедница во Општина Кочани”,во текот на вчерашниот ден, се организираше трибина за презентација на резултатите од анкетирањето на заедницата, во делот на заштита на животната средина и услугите кои се добиваат  во овој сегмент.
Се презентираше извештајот од анализа на податоците, се презентираа препораки, имаше плодна дискусија.
Од очекуваните 20 учесници на трибината беа присутни повеќе од 30тина, помеѓу кои директорот и раководителите од „КЈП Водовод“, службеници од Општината и тимот на комуналната инспекција при Општината.
Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот. #CHinMK
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе