Радио Кочани
Кочани

Во моментот Кочанско поле е во пламен пожарникарите и доброволците со сите сили се борат против пламените јазици и силниот ветар кој го разгорува огнот…

12,403

И покрај тоа што палењето на стрништа е казниво со закон, секојa година сме сведоци на запалени стрништа во Кочани.

Запалените стрништа се потенцијална опасност за предизвикување на пожари.

И покрај тоа што надлежните велат дека инспекторите се на терен во потрага на сторителите, до сега се поднесени неколку пријави, но не е изречена ниту една казна.

Во моментот Кочанско поле е во пламен пожарникарите и доброволците со сите сили се борат против пламените јазици и силниот ветар кој го разгорува оганот.

Мештаните со трактори и пумпи за вода се вклучени во гасењето огнот пристигна и до куќите каде што веќе има и материјална штета како запалена земјоделска механизација, сточна храна и бали со сено.

 

Пожарникарите по кој знае кој пат до земјоделците бараат совесно однесување и да не се палат стрништата после жетвата, а воедно и до сите граѓани да се воздржат од фрлање догорчиња и палење на оган во природа и посебно во шума, бидејќи предизвикуваат пожари со несогледливи последици.

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе