Радио Кочани
Кочани

Производителите на ориз повторно со најава за блокади…

1,514

Нови протести во новата 2023 година најавуваат кочанските производители на ориз .

Повторно ќе го блокираат патниот правец Облешево-Кочани, доколку  не им бидат исплатени редовните субвенции и дополнителните средства во висина од 3 денари предвидени во ковид мерките .

 

Тие бараат итна средба со министерот, во спротивно излегуваат на блокада.

 

Земјоделците се револтирани бидејќи како што тврдат им било ветено редовните субвенции да им бидат  исплатени до крајот на годината, но за жал на сметките се уште нема легнато ни денар.

Велат дека се ставени пред свршен чин, бидејќи пари за подготовка на нивите  за новата сеидба, нема.

 

Масовни протести најавуваат и од Самостојниот синдикат на земјоделци, од каде што велат својот род го продаваат по цена пониска од производната.

 

Д.Михајлов

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе