Радио Кочани
Кочани

СИТЕ СМЕ СОВЕСНИ И ГРИЖЛИВИ, А ЃУБРЕТО НИ ГО НОСАТ ВОНЗЕМЈАНИ

742

Пониква зимска убавица, Пониква летна убавица!

Гости од цела Македонија ги користат благодетите на природата и чистиот воздух, уживаат и се восхитуваат.

Но според овие фотографии, не изгледа се така розово и бело од снегот што падна деновиве.

Ние граѓаните и гостите и домаќините знаеме да коментираме и критикуваме, но сепак сѐ уште во 21от век не знаеме да го користиме местото и контејнерите определени за фрлање на отпадоци и ѓубре. Најлесно е околу нив, употреби и фрлај. И не само на Пониква, така е и околку брана „Градче“ и другите излетнички места – дар од природата.

Ако прашаш некого, скоро секој без исклучок ќе рече:  Не сум јас, јас си носам ќесичка и го враќам назад во домашната канта. Па добро, од каде тогаш толку многу ѓубре? Или овие фотографии се фотомонтажа?

Еве уште  2 фотографии на кои се гледа како целиот отпад кој носи само тешка реа и болести е собран, исчистен и однесен на депонија.

Скриената камера за редок дивеч ќе ни покаже за колкава временска дистанца ќе можеме да ги обновиме првите две слики, полни со отпад, ѓубре, зарази и болести? Или подобро да се надеваме дека нашата убавица сепак ќе биде облечена во чисто и бело руво.

 

И.Лазаровски

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе