Радио Кочани
Кочани

Од КК „Партизан“ – Победнички пехар и благодарница за „Гига Лукс“

549

„Гига Лукс“, фирма што се бави со продажба на производи за осветлување на домови, деловни објекти и надворешност, е наградена со победнички пехар и благодарница од страна на Карате клубот „Партизан“ од Кочани затоа што во 2022 година беше еден од најголемите подржувачи на клубот и неговите каратистите.


Пехарот и благодарницата ги прими Глигор Мишов, сопственик на „Гига Лукс“, а му ги врачи Јорданчо Петров, еден од двајцата тренери на КК „Партизан“. Оливер Коцев е вториот член (не по важност) на овој успешен тренерски двоец, кој и оваа година создаде државен шампион во карате, а уште двајца нивни натпреварувачи се меѓу тројцата најдобри во своите категории на републичко ниво.


Радио Кочани им честита за успесите на КК „Партизан“, а Мишов и од Радиото добива признание за она што го прави за младите каратисти на тренерите Коцев и Петров.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе