Радио Кочани
Кочани

Градоначалникот Папазов до граѓаните – Да ги пречекаме Новогодишните и Божиќните празници во мир и благосостојба

267

По повод Новогодишните и Божиќните празници, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, упати честитка до граѓаните во која се вели:
Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, во мое име и во име на општинската администрација од сѐ срце Ви ги честитам претстојните празници со желби за добро здравје, просперитет, среќа и меѓусебна сплотеност.
Од годината која изминува зад нас да ги понесеме позитивните мигови, успеси и искуства. Да ги пречекаме новогодишните празници во мир и благосостојба, а Новата 2023 година да ни биде предизвик за ново докажување – стои во честитката од градоначалникот.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе