Радио Кочани
Кочани

Косовски државјани правеле дрски кражби во Кочани

3,363

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.А.(54) и С.С.(63), двајцата од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во текот на мај и јули 2022 година, пријавените на Градскиот пазар во Кочани одзеле паричници на две лица во кои имало пари, платежни и кредитни картички и лични документи, по што во повеќе наврати од банкомати на две банки извадиле парични средства.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе