Радио Кочани
Кочани

Петарди или огномет, сценарио кое се повторува секоја нова година – Кој добива, а кој губи ?

439

Повреди и изгореници, најчесто во пределот на рацете и лицето, предизвикани од употреба на петарди, огномети и други пиротехнички средства, е сценарио кое се повторува секоја година во овој период. Меѓу повредените најчести се децата и младите, кои понекогаш треба да го поминат остатокот од животот со последиците.
Иако, официјално, продажбата на оваа стока не е дозволена на малолетници, а нивната употреба се препорачува само во присуство на возрасни, во пракса изгледа поинаку, бидејќи таму каде што нема соодветна контрола, не се почитуваат прописите.
Освен класичните петарди, кои се секогаш актуелни, голем интерес има и за огнометот. Најпопуларни се големите огномети. Траат неколку минути и достигнуваат висина од над 30 метри. Цената на огнометот се движи од 2.000 до 20.000 денари, во зависност од неговата моќност и количината на барут.


Кој купува пиротехника?
Најмногу купуваат семејните луѓе со деца, кои сакаат да ги израдуваат за празниците, Нова Година и Божиќ.
И додека едни се радуваат, други мораат да ги кријат своите деца во најоддалечените соби од својот дом.
Бучавата што ја прават разни пиротехнички средства не им пречи само на луѓето, туку и на животните.
Кучињата, на пример, слушаат звуци речиси 200 пати подобро од нас. На некои домашни миленичиња за време на новогодишните празници им се дава седативи бидејки добиваат тахикардија, дишат забрзано, имаат проширени зеници, тоа е вистински напад на паника.


Поради огромен стрес, се случува кучето за време на оваа транзиција да побегне од куќата или од дворот на сопственикот.
На крајот се наметнува прашањето дали навистина Новата година не може да се прослави без пиротехника и дали прославата и нашата среќа може да биде целосна, ако знаеме дека некој друг страда поради тоа.

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе