Радио Кочани
Кочани

НА 26 ДЕКЕМВРИ СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЌЕ ЈА ОДРЖИ 23. СЕДНИЦА

178

В понеделник, 26 декември, со почеток во 12 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 23. седница.

На предлог-дневниот ред се 39 точки, а на крајот на седницата градоначалникот Љупчо Папазов ќе има годишно обраќање.

Критериуми за распределба на блок-дотации на општинските основни и средни училишта за 2023 година
Предлог-финансиски планови на општинските основни и средни училишта за 2023 година
Предлог-финансиски план на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2023 година
Предлог-финансиски план на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2023 година
Предлог-програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
Предлог-програма за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2023 година
Предлог-програма за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
Предлог-програма за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик за 2023 година
Предлог-план на програми за развој на општина Кочани за периодот 2023 – 2025
Предлог-програма за комуникација на Општина Кочани за 2023 година
Предлог-локален акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2023 година
Предлог-програма за спорт на Општина Кочани за 2023 година
Предлог-програма за поддршка на образованието на Општина Кочани за 2023 година
Предлог-програма за млади на Општина Кочани за 2023 година
Предлог-програма за култура на Општина Кочани за 2023 година
Предлог-програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
Предлог-програма за остварување на социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2023 година
Предлог-програма за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2023 година
Предлог-програма за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
Предлог-програма за јавна чистота на општина Кочани за 2023 година
Предлог-програма за уредување и одржување на градското зеленило на територијата на општина Кочани во 2023 година, набавка, поставување и одржување на урбана пограма, одржување на детски игралишта и одржување на фонтана „Зрно“ за 2023 година
Предлог-програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Кочани во 2023 година
Предлог-програма за тековно одржување на јавното осветлување во општина Кочани за 2023 година
Предлог-програма за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2023 година
Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
Предлог-програма за информатичка и комуникациска технологија на Општина Кочани за 2023 година
Предлог-програма за работа на Територијалната противпожарна единица во општина Кочани за 2023 година
Предлог-програма за активностите на Општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2023 година
Предлог-програма за одржување на сливните решетки за атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2023 годинa
Предлог-програма за одржување на локалните патишта и улици на подрачјето на Општина Кочани во зимски услови за 2022/2023 година
Предлог-програма за сообраќај на Општина Кочани за 2023 година
Предлог-програма за работа на Советот на Општина Кочани за 2023 година
Давање согласност на Ценовник за добивање лиценца за отстранување на оштетени возила и возила во дефект од општинските и локалните патишта за територијата на општина Кочани, поднесен од „Прцана шлеп“ ДООЕЛ Кочани
Предлог-одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари – персонални компјутери, сопственост на Општина Кочани
Предлог-буџет на Општина Кочани за 2023 година
Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2023 година
Предлог-одлука за висината на девизен и денарски благајнички максимум за 2023 година
Предлог-одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2023 година
Годишен извештај за користење на средствата од резервите во Буџетот на Општина Кочани за 2022 година
Обраќање на градоначалникот.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе