Радио Кочани
Кочани

Виница – Се реконстрираат делови од ОУ „Кочо Рацин“

320

Во ПОУ “Кочо Рацин” во с. Липец, Општина Виница, во тек е замена на старата столарија со нови ПВЦ термопан прозорци. Истовремено се поставува ламинат и се врши адаптација на училиница за реализација на наставата по физичко и здравствено образование, информира виничкиот градоначалник Миле Петков.
Покрај ова, веќе е склучен договор и очекуваме наскоро да започнат градежните активности за изградба на потпорен ѕид над училиштето во Липец, после што ќе се создадат услови за поплочување на улицата која се наоѓа над самото училиште и за која Општина Виница исто така има склучено договор, велат од Локалната самоуправа.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе