Радио Кочани
Кочани

Крводарителска акција во Црвен крст Кочани

264
Ноемвриска крводарителска акција во Црвен крст Кочани, собрани 33 крвни единици
Во организација на ОО Црвен крст Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовната ноемвриска крводарителска акција наменета за граѓанството.

На акцијата крв даруваа 33 крводарители од кои 9 млади лица до триесет години и тројца првократни крводарители.
Акцијата е 20-та по ред што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани, а 11 во просториите на Црвениот крст.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе