Радио Кочани
Кочани

Ковачевски во Кочани: Левица се претвора во Десница, Мицкоски гледа да не заостане зад Апасиев

1,205

Според Ковачевски придобивките од ЕУ се големи и значат сигурна иднина, подобар живот и побогати млади кои својот живот ќе го градат дома во својата земја. Тој на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Кочани дека се што правиме денеска, правиме за нашите млади утре.

-Но, почитувани граѓани, на нашиот европскиот пат има голема и реална опасност. Тоа се Левица и Димитар Апасиев. Со опасниот популизам, со својата анти-ЕУ и запалива реторика Левица станува се посилна и повлијателна. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги имаат целосно земено како заложници затоа што Мицкоски е слаб, без визија и  став.

Левица со своето дејствување стана десница, а Мицкоски е во паника и само гледа да не заостане зад нив, рече Ковачевски.

Според него, токму затоа Мицкоски гордо вели дека е континуитет на Ванчо Михајлов, блокира закони во македонското Собрание среде криза, блокира 100 милиони евра помош за државата.

-Мицкоски веќе не гледа што е добро за  граѓаните, гледа само како да не заостане зад Апасиев. Ова е реална закана за земјата, да се попречи европскиот план и да се втурне државата во неизвесност и изолација, во внатрешни поделби на народот. Ако тоа се случи, ќе станете со лажно чувство на гордост наутро но ќе си легнете гласни и сами навачер, непризнаени и осамени. Па погледнете што се случува во Скопје, во главниот град, го заглавија комплетно, рече пред присутните премиерот Ковачевски.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе