Радио Кочани
Кочани

ЗГ „Никола Мантов“: ШТО НАПРАВИВМЕ?

1,163

Девет победи и две нерешени на 11 меча.Убедлива победа во гости против најголемиот ривал „Овче Поле“ и нерешено на гости во последното коло против секогаш незгодната и захтевна „Тиверија“.
Нашите фудбалери предводени од тренерите Ефтим Аксентиев и Јоже Јованов во есенскиот дел собраа 29 од 33 бода.
Нивната реализација е 88%, а тоа е резултат за почит дури и за најострите критичари.
Успешно го поднесовте големиот притисок на фаворити во лигата. Горди сме на вашиот резултат.


Го имаме најуспешниот напад и најдобрата одбрана во лигата.
Грешки и пропусти имаше, но од нив научивме и излеговме посилни.
Честитки за сите фудбалери, стручниот штаб и управата на ГФК „Осогово“.
Посакуваме и ќе помагаме со сите сили во пролетниот дел да бидете уште поубедливи до целта – II Македонска фудбалска лига.
Иако жалиме затоа што заминуваат Андреј Коцевски и Љубомир Ѓоргиев им посакуваме се најдобро!

Вашите фанови од З.Г. „НИКОЛА МАНТОВ“

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе