Радио Кочани
Кочани

Oризопроизводителитe следната недела повторно излегуваат на протест…

355

Оризопроизводителите повторно излегуваат на протест со земјоделска механизација ќе го блокираат регионалниот пат Штип – Кочани. овој пат најавуваат пoмасовен протест следната недела, на тринаесетти ноември.

Наместо изнаоѓање решение, ситуацијатасе влошува, велат од иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството. откако пред не полн месец беше утврдено дека производната цена за килограм арпа е 27 денари, а небиениот ориз и понатаму се откупува за 22 до 25 денари посочуваат дека произведуваат поскапо отколку што продаваат па тоа ги демотивира да ја соберат годинашната реколта

Со актуелната цена на нафтата и покачени репроматеријали земјоделците децидно најавија дека нема да престанат да протестираат, сè додека не бидат исполнети нивните барања.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. ПрифаќамПовеќе