Радио Кочани
Кочани

Асфалтирани уште две улици – една во Кочани и една во село Грдовци

474

Улицата „Маршал Тито“ во село Грдовци беше реконструирана и асфалтирана заедно со краците, со вкупна должина од 350 метри.
Завршено е и асфалтирањето на новоизградената улица „Смилевски Конгрес“ во Кочани во должина од 186 метри. Во склоп на изградбата на улицата, на десната страна од улицата изработен е тротоар од бекатон плочки, нов паркинг простор, а поставено е и ново јавно осветлување.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе