Радио Кочани
Кочани

Честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

319
По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, свежо цвеќе положија делегации од Општина Кочани, Советот на Општината, Сојузот на борците од НОВ, како и партиски делегации.
По повод државниот празник, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните, во која стои:
-Овој ден е историски ден, ден достоен за почит кон великаните на македонската револуционерна борба, кон сите борци за слободна и самостојна независна држава.
На овој ден се потсетуваме на пожртвуваноста на нашите претци за слобода и независност. Нивната пожртвуваност тогаш е нашата слобода денес. Да се почитуваме меѓусебе и да се стремиме кон уште подобра иднина за новите генерации. Нека е вековит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба – се вели во честитката од градоначалникот Љупчо Папазов.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе