Радио Кочани
Кочани

Папазов: Во Кочани се асфалтираат повеќе улици и булевари и се довршува изградбата на градскиот парк

1,450

АНКЕТА

Ќе има ли парламентарни избори во 2023 година?

Денес на моја покана гостин е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и имаме можност да ги презентираме проектите кои ги реализиравме неодамна. На улицата на која се наоѓаме работите се завршени и асфалтирана е пред 3 дена. Бевме на посета на улицата Јордан Зафиров, асфалтирана пред 10-тина дена. Сакам да го спомнам асфалтирањето на потегот од месноста Крушка до Ајдар во должина од околу 800 метри и вредност од 6 милиони  денари, со што овозможуваме пристап на луѓето од ридско планинскиот регион до своите објекти и своите имоти.

Денес се работи на улицата „Маршал Тито“ во Грдовци после подолг застој, се создадени услови да продолжиме со работа и асфалтирањето ќе следи во наредните денови.
Сакам да ја промовирам и активноста на препумната станица со кое овозможуваме континуирано водоснабдување на жителите од населбата „Трајаново трло“ во вредност од 3 милиони денари каде што се во тек работите и да не ги пропуштиме едни од објектите, односно проектите кои се финансирани од Буџетот за 2022 година, тоа е изградбата на булеварот Стево Теодосиевски и довршувањето на работите на градскиот парк кој беше затечен во фаза на изградба.

Значи се работи за неколку проекти кои носат вредност од околу 73 милиони денари, од кои 65 се финансирани од буџетот за 2022 година и овозможуваат услови за граѓаните да ги користат бенефитите од реализираните проекти.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. ПрифаќамПовеќе