Радио Кочани
Кочани

ПРИВЕДЕНО ЛИЦЕ ВО КОЧАНИ, ПРИ ПРЕТРЕС ПРОНАЈДЕНА ДРОГА

4,340

Во Кочани вчера во 11.40 часот полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани го лишиле од слобода П.Д.(51) од Кочани.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 1,5 килограм марихуана, семки од растението канабис, како и стебла и гранки од растението канабис.

Од МВР денеска информираа дека тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе