Радио Кочани
Кочани

КОЧАНСКИОТ ПАНАЃУР ЗАПОЧНА ОД ДЕНЕСКА, А ОФИЦИЈАЛНО ОД УТРЕ

10,110

Да, можеби на многумина не им се верува, ама сликите и видеото кажуваат се.

Кочанскиот панаѓур започна уште денеска. Неофицијално ама граѓаните, особено оние си мали деца, веќе се на местото на настанот.

Се вртат на рингишпил, јадат шекерен памук, масовно се возат на сударните колички и уживаат. Особено најмладите. Не можат да ја сокријат насмавката и радоста што едноставно извира од нив.

Ова денеска е само увертира, предигра. Како ли ќе биде од утре, кога и официјално започнува Кочанскиот панагур? А ќе трае се до понеделник, поради продолжениот виќенд за празникот.

Убави 5 дена за задоволство, релаксација и уживање. Да покажеме и докажеме дека и жителите од истокот знаат како да го пополнат слободното време, да купат нешто поефтино и да уживаат во содржините што ги нуди Кочанскиот панаѓур.

ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ ЧОВЕЧКИ И ДОСТОИНСТВЕНО, ДА ЈА ОСТАВИМЕ ЛОКАЦИЈАТА ТАКВА КАКО ШТО ЈА ЗАТЕКНАВМЕ! Радио Кочани ќе ги следи случувањата и како и секогаш навремено ќе информира.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе