Радио Кочани
Кочани

Тешка сообраќајна несреќа на крстосницата кај Чифлик

3,203

На 18.10.2022 во 21.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на патниот правец Делчево-Штип, на место викано „Чифличка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Б.Д.(23) од с.Борилчево, кочанско, патничко возило „хјундаи“, управувано од С.С.(30) од Штип, двете со кочански регистарски ознаки, и патничко возило „фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(38) од Виница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., а останатите двајца возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе