Радио Кочани
Кочани

ЗАПОЧНА ПРОЕКТОТ„СПОРТ ЗА ЗДРАВИ НАВИКИ КАЈ МЛАДИТЕ ВО ОРИЗАРИ“

402

Викендов на Спортските терени „Покрај Масалница“ во населбата Оризари, ЗГ „Среќни луѓе“ од Кочани, започна со реализација на Проектот „Спорт за здрави навики кај младите во Оризари“. Проектот се спроведува како дел од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2)“, финансирана од Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Поддржан кофинансиски од Општина Кочани.

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, во оваа прилика, изјави:

-Користа од вакви и слични проекти е повеќекратна, бидејќи преку стекнувањето навики за спортување, младите уште во рана возраст осознаваат за своето здравје и како да се грижат за него. Анимирањето на родителите е уште една придобивка во таа насока и јас како градоначалник можам само да ветам дека секогаш ќе стоиме како поддршка за секоја ваква и слична активност. Истовремено, благодарни сме им на ЕУ, УНДП, РеЛОаД2,  и на здруженијата на граѓани што се впуштаат во вакви значајни активности.

Со проектот е планиран опфат на вкупно 34 учесници, односно 17 девојчиња и 17 момчиња, чии активности ќе се реализираат во период од шест месеци, на спортските терени во Оризари. Целта е на конкретен начин да се покаже значењето на спортот за правилниот развој на младите генерации и стекнување навики да спортуваат.

Спортските активности ќе влијаат за подобрување на психофизичките способности кај младите, ќе им го поттикне натпреварувачкиот дух да осознаат дека можат повеќе и подобро.

-Нема подобра слика од кога ги гледате овие млади дечиња како му се радуваат на спортот и како уживаат во активностите. Медицината одамна утврдила колку се важни спортските активности за правилен развој на децата и затоа ние сме тука да ги посоветуваме, поддржиме и насочиме на правилен пат, изјави Д-р Драган Тодосов.

Очекувани резултати од Проектот се: децата да се оттргнат од зависноста од компјутерите и мобилните телефони Потоа, да се подобри нивната кондициона подготвеност, брзина и издржливост. Да го јакнат колективниот дух преку тимските игри со топка.

-Прва придобивка е оттргнување на нашите деца од компјутерите и мобилните телефони, вели Соња Минова, Потоа, спортот ќе им овозможи правилно да се развиваат, да се дружат и да растат на здрав начин.

Со својата детска фантазија и доживувања на спортските терени да мотивираат и други деца да се вклучат во спортските активности во своите средини.

Понатаму ќе се работи на проширување на опфатот на деца во нас. Конечно, преку проектот ќе се постигне јакнење на свеста кај младите и нивните родители за значењето на спортот во сите негови дисциплини.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе