Радио Кочани
Кочани

Ново возило и опрема за ТППЕ Кочани „Противпожарните служби заслужуваат најдобра опрема“

1,101

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Koчани, Скопје,Битола, Куманово, Тетово, Прилеп,  Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Кичево, Охрид, Штип и Гостивар.

-Со оваа набавка од 42,5 милиони денари преку Дирекцијата за заштита и спасување овозможуваме сериозно подобрување на техничката опременост за следни интервенции и навремено подигање на нивото на подготвеност на противпожарните служби пред следниот критичен период.

Противпожарните служби заслужуваат најдобра опрема, најдобри услови за работа, бидејќи секогаш во критични и опасни ситуации тие се меѓу првите кои излегуваат на терен и граѓаните секогаш сметаат на нив. Благодарни сме им на пожарникарите, на овие великодушни луѓе, храбри и со големо срце. Вие сте нашите херои, вели Ковачевски.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе