Радио Кочани
Кочани

Тешко повреден вработен во KЈП „Водовод“, паднал од висина додека работел на мост

51

На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР Кочани, од Итна медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Ј.(55) од Кочани, вработен во ЈКП „Водовод“ Кочани.

Според пријавеното, Т.Ј. се здобил со повредите при пад од висина околу 08:00 часот на ул.„Лазар Андонов“ во Кочани додека извршувал работни задачи на мостот на Кочанска река, информира МВР.

За настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio