Радио Кочани
Кочани

24-годишник без возачка и со 1,69 промили алкохол предизвикал сообраќајка кај Зрновци

405

На 23.07.2026 година околу 03:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Грдовци–Зрновци, 24-годишниот Д.Н. од село Градец, виничко, управувајќи патничко возило „Опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(28) од село Јакимово, виничко, додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.А.(28) од село Истибања, виничко. Повредите биле констатирани во Јавната здравствена установа во Кочани.

При извршениот увид од увидна екипа на ОВР Кочани било утврдено дека Д.Н. не поседувал возачка дозвола.

Дополнително, по извршените проверки било констатирано дека управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,69 промили алкохол во крвта.

По наредба на јавен обвинител, Д.Н. бил лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio