Радио Кочани
Кочани

Директорката на Музејот„Теракота“ од Виница – Даневска Ивановски примена во македонскиот конзулат во Торонто од конзулката Трајковска

214

Во Генералниот конзулат на Република Македонија во Торонто, Канада, директорката на Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“ – Виница, Сара Даневска Ивановски на 20 – ти овој месец се сретна со Генералната конзулка на Република Македонија во Торонто,  Сара Трајковска.

Според информациите од Музејот „Теракота“, на средбата биле воспоставени значајни контакти за идна културна соработка, насочена кон промоција и афирмација на музејот од Виница, македонското културно наследство и промовирање на македонската култура и уметност во Канада.

Генералната конзулка, г-ѓа Сара Трајковска, велат  одвинчкиот музеј, покажала особен интерес, несебичната поддршка и подготвеноста за понатамошна соработка во промовирањето на македонското културно наследство во светот.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio