Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Три случаи на насилство за едно деноноќие во Кочани и Виница: приведени две лица, извршен службен разговор
На 19.07.2026 во 03:10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Б.(35) од виничко, постапувајќи по претходна пријава дека околу 00:30 часот на градскиот базен, по претходно недоразбирање, физички го нападнал П.И.(30) од Виница.
Според пријавеното, истата ноќ преку апликација на социјална мрежа упатувал закани на 61-годишниот татко на П.И. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.07.2026 во 14:00 часот во виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода И.Н.(39), постапувајќи по претходна пријава дека на 18.07.2026 околу 23:00 часот во семејниот дом се обидел физички да ја нападне неговата 35-годишна сопруга, но бил спречен од нивните деца. За настанот е известен јавен обвинител од Јавното обвинителство Кочани и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.07.2026 во 14:05 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани извршија службен разговор со З.М.(39) од кочанско, постапувајќи по претходна пријава дека на 18.07.2026 околу 19:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
