Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На 17 јули во Виница ќе се прска против комарци од земја
Општина Виница ги информира граѓаните дека согласно Програмата за јавно здравје на населението, на 17.07.2026 година (петок) помеѓу 02.00 и 03.00 часот по полноќ, ќе се спроведе второ терестичко третирање против комарци на територијата на Општината.
Во втората фаза со дезинсекција ќе бидат опфатени површини во градот Виница и населените места во општината.
Третирањето ќе се врши од земја, со специјално возило и со препарат одобрен од Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) – Aqua-K-Othrine® Insecticide Space Spray Concentrate.
Се известуваат пчеларите во Општина Виница навремено да преземат соодветни мерки за заштита на своите пчелни семејства.
Доколку временските услови не дозволат третирањето да се изврши на наведениот датум, истото ќе биде спроведено наредниот ден
