Радио Кочани
Кочани

В сабота стартуваат 54. Илинденски спортски игри во Чешиново

72

В сабота (11 јули), со почеток во 17:30 часот, на спортските терени „Даме Груев“ во Чешиново ќе биде означен почетокот на 54. Илинденски спортски игри, една од најдолговечните спортски манифестации во регионот.

Годинешното издание ќе биде отворено со натпреварот меѓу екипите Соколарци и Теранци, а за шампионскиот пехар ќе се натпреваруваат осум екипи, поделени во две групи.

Група А: Соколарци, Уларци, Теранци и Чешиново.

Група Б: Облешево, Кучичино, Чифлик и Жиганци.

Пред почетокот на натпреварите, присутните ќе имаат можност да уживаат во настапот на Фолклорниот ансамбл „Китка“, по што градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Јорданче Костадинов, официјално ќе ги прогласи игрите за отворени.

Финалниот натпревар е закажан за големиот македонски празник Илинден, кога ќе биде познат новиот победник на турнирот.

Организаторите обезбедија награден фонд од 300.000 денари.

Победничката екипа ќе освои 200.000 денари и победнички пехар, второпласираниот тим ќе добие 100.000 денари, а ќе биде доделено и признание за најдобар играч на турнирот.

Организаторите ги покануваат сите љубители на спортот да присуствуваат на свеченото отворање и да бидат дел од уште едно издание на традиционалните Илинденски спортски игри во Чешиново.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio