Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Гореше куќа во Кочани, нема повредени
Пожар избувна синоќа во Кочани во семејна куќа на улицата „4. Македонска бригада“. Гореше приземјето од куќата. Причинета е поголема материјална штета, повредени нема.
-Дојава за пожар добивме во 21, 21 часот. Реагиравме со три возиула и осум пожарникари. Пожарот беше изгаснат околу полноќ, соопшти денеска Драган Апостолов, командир на ТППЕ од Кочани.
Апостолов уште информира дека за пожарот се известени полицијата и инспеткторот по пожари, чија истрага треба да ја утврди причината поради која дошло до избувнување на огнот.
