Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Домот за стари лица во Кочани, чија изградба е планирана, до Нова година треба да достигне фаза карабина и да биде покриен, најави градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов.
Според него, доколку изградбата се одвива според предвидената динамика, во текот на зимските месеци, кога не се изведуваат интензивни градежни работи, ќе се реализира внатрешното уредување на објектот, односно поставување врати, прозорци и останати инсталации.
До Нова година очекуваме објектот да биде во карабина и покриен. Во зимскиот период ќе се работи на внатрешното уредување, а најдоцна за три години очекувам Домот целосно да биде завршен, изјави Грозданов.
Потребата од ваков објект е особено изразена во Источниот регион, каде просечната возраст на населението е над 40 години. Дополнителен предизвик претставува иселувањето на младите, поради што сè повеќе повозрасни лица остануваат да живеат сами.
Во моментов, единствениот Дом за згрижување стари лица во источниот дел на државата функционира во Берово, што ја нагласува потребата од нови сместувачки капацитети во регионот.
