Радио Кочани
Кочани

Жителите од улиците „Тоше Проевски“, „Скопска“ и населбата околу Панаѓурот реагираат: Петти ден по ред остануваат без вода по 17 часот

1,356

Жителите од улиците „Тоше Проевски“, „Скопска“ и останатите улици во населбата околу Панаѓурот во Кочани јавно реагираат дека веќе петти ден по ред, секојдневно по 17 часот, остануваат без вода.
Тие прашуваат зошто редовно се соочуваат со прекин во водоснабдувањето, иако, како што наведуваат, навремено ги подмируваат сметките за вода.

Во својата реакција посочуваат дека не се чувствуваат рамноправно третирани и бараат од надлежните институции конечно да понудат трајно решение за проблемот, кој, според нив, се повторува речиси секое лето.

Жителите апелираат до локалната самоуправа и до надлежното јавно претпријатие да ја информираат јавноста за причините за прекините и да преземат итни мерки за нормализирање на водоснабдувањето.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio