Откако неодамна ги отвори своите врати во центарот на Кочани, Школа за убавина Арт веќе успешно ги започна првите професионални обуки и им нуди можност на сите граѓани да добијат бесплатни козметички услуги како модели.
Доколку сакате да искористите бесплатен третман, можете да се пријавите за модел на некоја од нашите обуки. Во зависност од програмата, достапни се услуги како депилација, нокти, шминка, педикир, фризури, масажи, свилени трепки и многу други.
Сите третмани се изведуваат под постојан надзор на професионални едукатори, со квалитетни производи и според највисоки професионални стандарди. На овој начин, курсистите стекнуваат практично искуство, а моделите добиваат бесплатна услуга.
Доколку сакате редовно да бидете меѓу првите кои ќе дознаат кога се бараат модели, доволно е:
* да нè следите на Instagram @skolazaubavina и да ги следите нашите објави за модели, или
* да ни испратите порака на Instagram со вашето име и телефонски број.
Потоа ќе ве додадеме во нашата Viber група за модели, каде први ги објавуваме сите нови термини и повици за бесплатни услуги.
A доколку отсекогаш сте размислувале да започнете кариера во индустријата за убавина, ова е одлична можност да се запознаете со начинот на работа во Школа за убавина Арт.
Нашите обуки веќе започнаа, а во текот на целата година се организираат над 15 различни професионални програми, наменети и за почетници и за оние кои сакаат да го надградат своето знаење.
Следете нè, пријавете се како модел и бидете дел од нашите идни обуки!
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе