Радио Кочани
Кочани

Заплена на брендирана роба во Кочани: Приведен 37-годишен возач без дозвола

1,941

Вчера околу 18:00 часот во Кочани полициски службеници од Мобилниот тим при Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, сопреле патничко моторно возило „опел“ со кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) од Кочани.

При извршената контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола а при преглед на возилото биле пронајдени 1.848 парчиња брендирана роба (маици, тренерки, шорцеви и дуксери), информираа од МВР.

Лицето било лишено од слобода поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 297-а и член 285 од Кривичниот законик и било предадено во Полициската станица од општа надлежност Кочани за понатамошна постапка.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio