Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Хилда Панов – нов в. д. директор на ОУ „Малина Попиванова“
Со решeние за именување од 22 јуни 2026 година, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја именува Хилда Панов, професорка по македонски јазик и литература, за вршител на должноста директор на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани.
На предавањето на решението, градоначалникот Грозданов ѝ посака успех во менаџирањето на училиштето.
Панов се заблагодари за довербата за оваа одговорна функција на институцијата во која, како што рече, и самата работи и длабоко ја познава, истакнувајќи дека нејзиниот примарен фокус во наредниов период ќе биде обезбедување континуитет во непречено и квалитетно одвивање на образованиот процес.
Хилда Панов доаѓа на местото на Благој Петров, чиј мандат истече на 17 јуни 2026 година.

