Радио Кочани
Кочани

Граѓанска акција за почисто Кочани: „ДОСТА БЕШЕ“ го уреди просторот околу Спомен домот АСНОМ

116

Советничката група „ДОСТА БЕШЕ“ при Советот на Општина Кочани успешно ја реализираше акцијата за расчистување и уредување на зеленилото околу Спомен домот АСНОМ, на која се приклучија граѓани и претставници на здруженија од градот.

Со заеднички труд и ангажман, учесниците работеа на расчистување на просторот и уредување на зелените површини околу Спомен домот, придонесувајќи за почиста и поуредена животна средина.

Од советничката група „ДОСТА БЕШЕ“ додадоа дека ваквите иницијативи се доказ дека граѓаните се подготвени активно да се вклучат во подобрувањето на заедничките јавни простори.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio