Радио Кочани
Кочани

Книжарницата на тркала на „Антолог“ гостува во Кочани

84

Љубителите на книгата во Кочани ќе имаат можност да уживаат во богат избор на книжевни изданија од издавачката куќа „Антолог“, преку Книжарницата на тркала.

Настанот ќе се одржи на 18 јуни 2026 година (четврток), во периодот од 10 до 21 часот, во Трговскиот центар во Кочани.

Книжарницата на тркала на „Антолог“ овозможува книгите да стигнат поблиску до читателите и да создадат простор за средба со литературата надвор од традиционалните книжарници.

Посетителите ќе можат да разгледаат различни наслови, да откријат нови автори и да го почувствуваат духот на патувачката книжарница.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio