Радио Кочани
Кочани

Пуштен во употреба детскиот велодром во Кочани – донација од Стопанска банка

115

Со велосипедска дружба на најмладите, денеска во Кочани беше пуштен во употреба Детскиот велодром,  изграден со донација од Стопанска банка.

Во присуство на градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и директори од Стопанска банка, беше промовиран преуредениот парк во велодром во населбата Калиманова Глава во Кочани.

Градоначалникот Грозданов изрази голема благодарност до Стопанска банка, до нејзиниот борд на директори за донацијата, ажурноста во изведбата и резултатот од неа.

Во најавениот рок за изградба добивме прекрасен простор за забава и рекреација на најмладите, по европски стандарди, со модерен лик, со вертикална и хоризонтална сигнализација. Направени се сите технички и структурни промени на просторот за да можат децата да ги усовршуваат велосипедските вештини – истакна градоначалникот Грозданов.

Татјана Калајџиева, менаџер во Стопанска банка, го изрази задоволството од изградбата на велодромот – место што ќе донесе радост, игра и здрави навики за најмладите во Кочани.

Оваа донација е дел од нашата долгорочна посветеност кон општествената одговорност, којашто Стопанска банка ја негува повеќе децении. Веруваме дека вистинската улога на една финансиска институција не е само економскиот развој, туку и вложувањето во луѓето и во заедницата – изјави Калајџиева.

На настанот беше организирана наградна игра за децата што учествуваа во промоцијата на велодромот.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio