Радио Кочани
Кочани

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

70

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково.

Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт.

За добрата атмосфера и забавата ќе бидат задолжени „Милениум Бенд“ и вокалната солистка Христина.

Посетителите ќе имаат можност да учествуваат и во богата лотарија со вредни награди.

Главната награда е ловечки карабин, а ќе бидат доделени и неколку ловечки полуавтомати, воздушни пушки, ловечка опрема, бела техника и многу други награди.

Резервации може да се направат кај ловочуварот Далибор Анакиев на телефон 070 620 601, секој ден по 14:00 часот.

Организаторите ги покануваат сите љубители на ловот и добрата дружба да бидат дел од оваа традиционална манифестација.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio