Радио Кочани
Кочани

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

119

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура.

Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување.

Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици.

Од нив, 129 ученици се пријавени за државна матура, двајца за училишна матура, а еден ученик  полага завршен испит.

Полагањето во ова училиште се одвива на повеќе локации во објектот – во спортската сала, конференциската сала, како и во холовите на првиот и вториот кат, со цел да се обезбедат соодветни услови за сите кандидати.

Во СОУ „Гошо Викентиев“ матура полагаат вкупно 93 ученици.

Од нив, 72 ученици се пријавени за државна матура, додека 21 ученик  полага државна стручна матура.

Според податоците од училиштето, најголем дел од учениците за денешниот екстерен испит го избрале англискиот јазик, односно 78 матуранти, додека 16 ученици  полагаат математика.

Вториот екстерен испит од државната матура е закажан за 11 јуни во истиот термин, кога матурантите ќе полагаат предмети согласно нивниот избор.

Интерните испити ќе се реализираат според претходно утврден распоред, усогласен меѓу учениците и наставниците, со што ќе биде заокружен матурскиот процес за учебната 2025/2026 година.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio