Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Советничката група при Советот на Општина Кочани „Доста беше“ упати јавен повик до граѓаните, здруженијата, компаниите и институциите да се вклучат во заедничка работна акција за уредување на јавните простори во Кочани.
Од „Доста беше“ велат дека и со малку време и добра волја може да се направи видлива промена во средината во која живееме, посочувајќи дека е потребно поголемо заедничко ангажирање за почиста и поуредена околина.
Тие предлагаат заеднички да се одреди датум за голема работна акција, а крајното збирно место да биде Гоцева шума, каде деновиве спровеле активности за косење и уредување на просторот.
„Сакаме местото што денес го уредувавме да прерасне во симбол на заедничка грижа за нашиот град и доказ дека кога сме обединети можеме да постигнеме видливи резултати“, порачуваат од „Доста беше“.
Иницијативата има за цел да ги обедини граѓаните и сите општествено одговорни субјекти околу заедничката грижа за јавните површини и животната средина во Кочани.

