Радио Кочани
Кочани

В недела нова организирана потрага по исчезнатиот дедо Јане од Јастребник

205

По неколкудневните неуспешни обиди за пронаоѓање на исчезнатиот дедо Јане од селото Јастребник, за в недела, 7 јуни 2026 година, е закажана нова организирана потрага.

Собирот на учесниците е предвиден во 6 часот наутро на Градскиот плоштад во Кочани, од каде ќе се упатат кон теренот.

Во потрагата ќе се вклучат припадници на МВР, Територијалната противпожарна единица, ловци со кучиња, планинари, моторџии и граѓани кои сакаат да помогнат.

Организаторите информираат дека дедо Јане е исчезнат веќе шест до седум дена и досега нема информации кои би упатиле на неговата локација.

И покрај повеќекратните пребарувања на теренот, потрагата засега не дала резултати.

Се упатува апел до сите хумани граѓани кои се во можност да се приклучат на акцијата, особено до лица со теренски возила, со цел полесен пристап до подрачјето околу селото Јастребник.

За повеќе информации и координација, заинтересираните можат да се јават на телефонските броеви: 077 955 733 (Метка) и 078 670 097 (Аце).

Организаторите изразуваат надеж дека дедо Јане ќе биде пронајден што е можно побрзо и апелираат за споделување на информацијата со што поголем број граѓани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio