Радио Кочани
Кочани

Во Кочани се одржа настанот „Шпански денови на вкусот – Фузија на традициите“

159

Мирисите на шпанската и македонската кујна денеска се споија во Кочани, каде што се одржа гастрономскиот настан „Шпански денови на вкусот – Фузија на традициите“.

Настанот привлече бројни посетители кои имаа можност да проследат кулинарски презентации и да дегустираат специјалитети подготвени од кочански ориз и традиционални шпански рецепти.

Централно место во програмата имаше шпанскиот кулинарски експерт Луис Аруфат, кој пред присутните ги демонстрираше техниките и специфичностите на шпанската гастрономија.

Преку подготовката на повеќе јадења, тој ја истакна вредноста на квалитетните локални производи и размената на кулинарски искуства меѓу различни култури.

Настанот се одржа на Летната сцена при Центарот за култура „Бели мугри“ и понуди можност за запознавање со гастрономските традиции на двете земји.

Организаторите оценија дека ваквите средби придонесуваат за промоција на локалните производи, но и за зајакнување на културната соработка преку универзалниот јазик на храната.

„Шпански денови на вкусот – Фузија на традициите“ се реализираше со поддршка на Амбасадата на Шпанија и Општина Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio